Уште една лажна вест на Христијан Мицкоски е официјално демантирана од институциите.
Министерството за внатрешни работи официјално ги демантира лажните наводи на Мицкоски што тој ги изнесе во вчерашното интервју дека бил следен од припадници на полицијата и дека се подготвувало негово апсење.
Јасно е дека на Мицкоски не успева да го одбрани криминалот, и затоа измислува, конструира случаи за наводни апсења, се обидува да внесува вознемиреност меѓу граѓаните.
Злоупотребата на МВР за пресметки со неистомисленици и политички противници, со години беше карактеристика токму на ВМРО-ДПМНЕ партијата чиј претседател е Мицкоски.
Тоа време заврши. Во последните две години преземни се низа мерки за реформа на полицијата и денес, МВР е професионализирана и работи исклучиво во интерес на граѓаните и во служба на законите.
Нов ден, нова разоткриена лага на Мицкоски. Уште еднаш се потврди дека тој е најголемиот извор на лажни вести и невистини.