„Граѓаните“ денес и официјално го претставија своето најново засилување кое што пристигнува од редовите на Атлетико Мадрид.
23-годишниот Родри потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити. Тој игра на позицијата фудбалер за врска во средниот ред и многумина го нарекуваат „новиот Бускетс“.
„Тоа што Манчестер Сити го направи во последните две години е неверојатно. Мило ми е што станувам дел од вака талентирана екипа. Не зборувам само за титулите кои што ги имаат освоено, за мене е фасцинантен напаѓачкиот фудбал кој го играат“, изјави Родри и додаде:
„Возбуден сум што ќе работам со Гвардиола и се надевам дека ќе ги оствариме зацртаните цели“, изјави Родри.