Пејачката Тамара Тодевска се извини на социјалната мрежа Фејбук за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава на 4 Јули во Амбасадата на САД во Скопје. На синоќешната прослава на националниот празник 4 јули – Денот на независноста на САД во американската мабасада во Скопје, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.
,Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.Со почит, Тамара”, напиша пејачката.
Ваквиот пропуст предизвика низа реакции, како и од македонските здуженија во дијаспората, а особено од Македонците од Бугарија и од Обединетата македонска дијаспора, која повика на итно изјаснување и извинување од страна на aмбасадата на САД во Скопје.