(Видео) МВР со детали за апсењето на мајката на Пино

МВР го потврди апсењето на Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо.

-Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, рекоа од МВР.

Според Трпковска, таа била приведена бидејќи извикувала „Македонија, Македонија“ кај Порта Македонија.

Додека ја приведуваа, Маја изрази револт бидејќи полицијата не била така ревносна кога требало да го бараат нејзиниот син.

(Видео: Инфомакс)

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2388122041266440/?t=89

Треба да знаете
Последни објави