Русија планира да преземе чекори со цел зајакнување на венецуелските вооружени сили, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извештај од РИА, во кој се цитирани зборовите на рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„Сакам да истакнам дека конкретно зборувам за опрема што е испорачана во Венецуела“, рече Рјабков.
Русија е сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го поддржа заедно со Кина, додека повеќето западни земји го поддржаа лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, потсетува британската новинска агенција.