Најмалку две лица загинаа денеска при експлозија на автомобил во јужна Турција, во близина на границата со Сирија, јави „Ројтерс“, цитирајќи ја приватната новинска агенција „Демиререн“.
Во тек е истрага за утврдување на причината што ја предизвикало експлозијата во областа Рејханли.
АП додава, повикувајќи се на агенцијата „Анадолија“, дека кон местото на настанот се упатиле неколку возила на итна помош и полиција.