Воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорите на јавните установи во Општина Аеродром добија покачување на платите за 16 %.
Ова беше одлучено на последната седница на Советот, кој ги изгласа предлог-одлуките за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на градинките на територијата на Општина Аеродром.