Tриесет и осумгодишен стружанец со измама од албанска државјанка земал пари за отворање заедничка фирма.
СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против А.У. (38) од струшкото село Корошишта.
– Со лажно прикажување факти, во заблуда ја довел М.К.(36) од Поградец, Република Албанија, која, на 17 јануари годинава, на пријавениот на трансакциска сметка му пратила пари за отворање заедничка фирма во Струга, информира полицијата.