Ајакс на уникатен начин го испрати Де Јонг во Барселона
Холандскиот гигант Ајакс со преубав гест го испрати довчерашниот свој фудбалер , Френки Де Јонг во Барселона. Де Јонг е само на чекор до комплетирање на трансферот во тимот од „Камп Ноу“ каде денеска успешно ги мина медицинските прегледи.
Каталонците го купија играчот од средниот ред за 75 милиони евра.
Ајакс на преубав можен начин му посака среќа на својот довчерашен фудбалер, со тоа што брендираше автобус во Барселона, а на истиот имаше испишано и порака.
„Барсa, уживај во иднината како што и ние тоа го правиме“ пишуваше во пораката, а истата се најде и на во дел од насловните страни на шпанските медиуми, за што исто е „виновен“ Ајакс.
Hi, @FCBarcelona! 🙋♂️ He’s already making turns in your city. 👀