Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај и кажал оти веста дека на српските официјални претставници им е забранет влез во Косово била лажана.
Како што пренесуваат српските медиуми, веста вчера најпрво била објавена од косовски портали и во неа било наведено дека Јетљир Зуберај, советникот на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, на „Фејсбук“ напишал дека косовското МНР ја донело таквата одлука поради закани и напади на Северот, како и други проблеми.