Демонстранти левичари го запалија знамето на САД во четвртокот пред Белата куќа и се судрија со десничарите и поддржувачите на Доналд Трамп, објави Си-ен-ен.
Протестите што се претворија во насилни конфликти се одржаа многу близу до Националниот центар, кој се наоѓаше пред Белата куќа, каде што многу луѓе се собраа да го слушнат говорот на претседателот Трамп и да уживаат во огнометот на прославата на Денот на независноста.
Демонстрантите од американската Револуционерна комунистичка партија, предводени од активистот Џои Џонсон, се фатија за раце, го запалија американското знаме и извикувааа „Америка никогаш не била голема”. Службата за безбедност брзо интервенираше и пожарот беше изгасен.
Безбедносните служби уапсија многу демонстранти, меѓу кои и Џонсон.