(Видео) Мајли Сајрус во новиот спот се допира по телото, алудирајќи на мастурбација

ејачката и актерка Мајли Сајрус (26) ја шокираше јавноста кога во средата вечер на социјалните мрежи го објави спотот за најновата песна „Mother’s Daughter“. Спотот го нарече „ода на феминизмот”, со што става акцент на „репродуктивните права на жените“. Мајли во видеото носи тесен црвен комбинезон од латекс, а фановите особено беа шокирани од металните заби на препоните.

Освен необичниот детаљ, обожавателите беа вчудовидени од фактот што Мајли се допираше по телото, алудирајќи на мастурбација за која смета дека во 21 век не треба да биде табу-тема.

Во „сосем поинаквиот и луд спот”, како што го нарекуваат нејзините обожаватели, може да се види и нејзината мајка Тиш Сајрус (52), која Мајли ја ангажира за да стави до знаење дека ниту една жена не треба да се срами од тоа.

Треба да знаете
Последни објави