Хорхе Мантиља, познат како Коко, беше уапсен минатата недела во Ла Паз откако на социјалните мрежи се појави снимка од камерата за надгледување која покажува како тој насилно влегува во стан во боливискиот главен град.
https://youtu.be/rAL4Pl_GHBw
Коко бил познат како „крадец на Вила Фатима”, според подрачјето во кое „оперирал“. По апсењето, тој беше обвинет за насилно влегување и беше однесен во локален затвор за да го чека судењето.
Сепак, тој не помина многу време во затворот бидејќи успеа да избега од ќелијата во саботата, провлекувајќи се меѓу металните шипки додека стражарите не гледале, пренесува Oddity Central.