Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, која е именувана за претседателка на Европска комисија, нема доверба кај Германците, покажуваат резултатите од анкетата на државната телевизија АРД.
Дури 56 отсто од Германците изјавиле дека Фон дер Лајен нема добро да раководи со ЕК, а само 33 проценти оцениле дека политичарката од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) е способна за водење на европската влада.
Се уште е неизвесно дали Европскиот парламент на 16 јули ќе обезбеди мнозинство за именување на Фон дер Лајен.