Дескоска: Не сме оптеретени дали Јанева ќе остане шефица на СЈО

Министерката Рената Тренеска Дескоска во интервју за „Фактор“ вели дека го очекуваат предлогот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ, но дека нема да прифатат скриена амнестија, ниту пак ќе инсистираат Катица Јанева да остане прв човек на специјалното обвинителство.

-Сакам да потенцирам дека во досегашните разговор воопшто не била спомената Катица Јанева, не сме разговарале кој ќе биде нов специјален јавен обвинител. Не сме оптеретени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат, вели министерката Дексоска.

Според неа, дел од амандманите ги прифатиле, но има еден дел кои не можат да ги прифатат а тие претежно се однесуваат на статусот и работењето на СЈО.

-Се што ќе значи квалитет ќе прифатиме, но се што ќе значи обид во некои одредби да се скријат намери да добијат амнестија за одредени кривични дела тоа нема да може да биде ставено како дел од законот. Главниот проблем кој што се јави беше дека СЈО не треба да биде посебен орган, да нема одредени гаранции за нивно самостојно постапување, а најголемиот камен кој беше на сопнување беше членот 105 кој се однесуваше на истрагите и обвиненијата кои што во моментот се водат во СЈО. Имаа барање сите истраги и обвиненија кои започнале под 18 месеци да запрат, сите докази да бидат уништени и практично тоа значи амнестија, и таков тип на решение не можеме да прифатиме, вели министерката.

Треба да знаете
Последни објави