Европските зелени: ЕУ да ги почне преговорите со Северна Македонија

ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија, порачаа копретседавачите на Европската Зелена партија, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони по повод започнувањето на конференцијата за Западен Балкан во Познањ, Полска, соопшти „ДОМ“.

„Европската Унија ризикува да се поттикне национализмот во Западен Балкан, доколку го прекине процесот на отварање на вратите за почеток на пристапни преговори за ЕУ на земјите од регионот. Почетокот на преговорите веќе беше двапати одложен и покрај позитивните препораки на Европската комисија. Не постои причина внатрешните реформи на ЕУ и разговорите за пристапување да не се спроведуваат истовремено. Уште едно одложување во октомври оваа година би можело да го загрози целиот процес и да доведе до обновување на тензиите кои би биле катастрофални за ЕУ во целина. Од суштинско значење е европските министри на состанокот во Познањ, да ги земат предвид херојските напори на Северна Македонија да стави крај на вековниот конфликт со Грција и да го отвори патот за фер и објективен процес“, порачаа од Европската Зелена Партија.

Треба да знаете
Последни објави