Ирански генерал: Иран треба да го заплени британскиот танкер за нафта

Иран треба да го заплени британскиот танкер за нафта доколку земјата не го ослободи иранскиот танкер, кој претходно оваа недела беше задржан во Гибралтар, смета генерал-мајорот на Револуционерна гарда Мохсен Резаи.

– Ако Британија не го ослободи иранскиот нафтен танкер, должност на властите е да го запленат британскиот нафтен танкер, напиша Резаи на Твитер.

Тој додаде дека Иран во изминатите 40 години никогаш не иницирал развој на непријателство во какви било судури, но истакна и дека Иран никогаш не се двоумел да одговори на насилство.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Абас Мусави претходно рече дека таа земја ги повикала амбасадорите на Велика Британија и Техеран да го образложат „илегалното одземање” на иранскиот нафтен танкер во Гибралтар.

Гибралтар, прекуморска британска територија, вчера го задржа супертанкерот Грејс 1 поради сомневање дека пренесува сурова нафта за Сирија, со што ги прекрши санкциите на ЕУ против таа земја.

Владата на Гибралтар соопшти дека има основа да се сомнева дека танкерот ја транспортирал суровата нафта до рафинеријата Бањас во Сирија, која е во сопственост на лице кое е под санкции на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави