Американката Кори Гоф (15) и дефинитивно е најпријатното изненадување на овогодишниот Вимблдон, откако ја запиша својата шеста победа на англиската трева, трета во главната фаза.
Ако пред неколку дена сензационално ја елиминира легендарната Венус Вилијамс со 2-0 во сетови, вечерва првпат загуби сет. Губеше со 1-0, но не се предаде и славеше историка победа над Полона Херцог од Словенија (7-6/7, 7-6).
Во осминафиналето на Вимблдон ќе се сретне со уште една голема ѕвезда. Симона Халеп денес славеше над поранешната голема ривалка Викторија Азаренка ќе биде новата противничка на младата Американка.