Синот на Стив Ирвин објави фотографија на која го храни крокодилот на неговиот татко

Семејството на починатиот австралиски „ловец на крокодили“ и борец за заштита на природата, Стив Ирвин, продолжи по неговите стапки. Неговиот син Роберт (15) неодамна објави фотографија на социјалните мрежи која ги трогна обожавателите. На фотографијата е Роберт кој во облеката на татко му го храни крокодилот пред мноштво луѓе во нивната австралиска зоо градина во Квинсленд.

„Тато и јас го храниме Мареј. Истото место, истиот крокодил, две исти фотографии снимени во период од 15 години“ напиша Роберт под фотографијата.

Стив Ирвин почина на 44-годишна возраст во септември 2006 година, кога го прободе отровна ража додека нуркаше на североисточниот брег на Австралија. Неговата ќерка, Бинди (20), тогаш имаше само осум години, а синот Роберт имаше три години.

Треба да знаете
Последни објави