Стоилковски:Срамно е дипломати и амбасадори да немаат здравствено осигурување

Наместо одговори и одговорност МНР на Димитров Никола тоне и се заплеткува се подлабоко во секојдневни скандали. Наместо одговор за тоа како е можно да ја остави сета дипломатска служба и администрација без здравствено осигурување, од МНР го поставуваат истото прашање, како е можно да исплаќаат плата од државниот буџет, а вработените да немаат здравствено осигурување?  Одговорот од соопштението на МНР дека редовно исплаќале плата е заобиколување на вистината.

Е па почитувани, МНР треба да запре со, што би рекол господинот Зоран Заев, да кружи како „Киша око Крагујевца“ и да одговори Зошто дипломатската мрежа и администрацијата во МНР со месеци немаат беа здравствено осигурани?

Срамно е дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на македонската дипломатија при посета на лекар да се соочуваат со тоа дека немаат здравствено осигурување. Но, тоа е СДСМ, тоа е заобиколување на законите, тоа е односот кон македонската дипломатија.

Ајде да одиме со факти! Ако се било редовно, зошто тогаш сандачето за електронска пошта во МНР повеќе месеци е преполно со прашања и поплаки од вработени за немање здравствено осигурување? Ова се дел од фотографиите на документи од здравствени установи каде јасно се гледа дека вработени во МНР од 30.04.2019 и таа состојба трае се до вчера.

Еве што пишуваат во меиловите: Денеска при преглед на Клиника утврдено е дека мојата работна организација нема платено здравствено осигурување заклучно 30.04.2019 Ве замолувам да проверите што се случува со моето осигурување, па доставуваат документи каде што се гледа дека нема осигурување а тоа е веќе од крајот на мај оваа година.

Потоа друго писмо: Најитно молам да се провери зошто моето здравствено осигурување е заклучно 30.04 оваа година. А, Системот не дава, зашто наводно не се платени придонесите. Молам да се провери и реши, за да не се случат поголеми проблеми во иднина.

Ако било се во ред со здравственото осигурување онака како што велат од МНР, од каде овие писма? Ако се било во ред зошто одговорните за организациони работи, за човечки ресурси, поединечно и групно одговара и се извинува на поставените прашања дека сепак велат, проблем постои со здравственото осигурување на вработените и на дипломатите, и пишува за проблем?

МНР е редно да одговори, дали имало проблем со кој што од 30 април до вчера, вработените беа  оставени без здравствено осигурување, а македонските дипломати при посета на лекар морале да црвенеат бидејќи не им било соопштено дека не им било платено здравственот осигурување?

И тука повторно се поставува главното прашање каде е и што прави Синдикатот на МНР? Вработените немаат здравствено повеќе од два месеци, а Синдикатот не стори „преседан, како велеше самиот, и повторно не  организираа Протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати без осигурување? Синдикот го нема ниту за овој ниту за друг скандал кој што го тресе МНР и која што ја погазува македонската дипломатија. Дипломатија под Димитров Никола.

Почитувани,

Македонската дипломатија тоне, Никола Димитров го претвори МНР во приватно партиско гранапче. Оној кој знаеше „среде ноќ“ да среди комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ги остави вработените со месеци без здравствено  осигурување. Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на оваа репрезентативна институцијата.

Треба да знаете
Последни објави