„Тортура“: За Камчев снимените разговори со Трајковска не се автентични

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” на Специјалното јавно обвинителство продолжува по одморите на 13 септември, откако на денешното рочиште беа сослушани сведоците Јордан Камчев и Оливера Трајковска.
Судскиот процес го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе од СЈО.
Сведокот Јордан Камчев, на прашање од обвинителот Лапе, дали знае зошто е повикан денеска, рече дека не знае.
– Од медиуми ми е познато што и вас ви е познато, дека МВР спровело акција за некој што земал мито. За случајот како и сите тука имам разговарано со многу луѓе по телефон, изјави Камчев.
Прашан дали во обвинителство му бил предочен разговор со Оливера Трајковски, Камчев посочи дека и тогаш и сега кажува дека тие разговори не ги признава оти можеби се сечени, лепени и монтирани.
Претходно Трајковска сведочеше дека Камчев по телефон и рекол дека добил информација од Мијалков дека ќе го апсат Бошковски.
Третиот сведок, повикан за денешното рочиште Иво Котевски, не беше присутен, поради неможност на органите за прогон за негово лоцирање на адресата на живеење.
Во „Тортура” заедно со Сашо Мијалков се обвинети и шест припадници на единицата „Алфа“.
Треба да знаете
Последни објави