Хилари Даф нападната поради она што ѝ го направи на својата ќерка

Актерката Хилари Даф на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира со својата осуммесечна ќерка Бенкси, но еден од следбениците на познатата актерка забележа дека бебето има дупнати уши, па веднаш ја нападнаа.

https://www.instagram.com/p/BzWntptAedo/?utm_source=ig_web_copy_link

Се чини дека обетката ѝ е ставена неодамна бидејќи ја немаше на претходните фотографии, пишува „Enews“.

Додека некои им честитаа на мајката и бебето за тоа, имаше и такви кои сметаат дека актерката треба да се засрами од оваа одлука.

„Не можам да разберам зошто мисли дека е во ред да ги пробуши ушите на своето бебе, ѝ предизвика голема болка и непријатност“, е еден од коментарите.

Некои дури одлучија повеќе да не ја следат Хилари на социјалните мрежи, поради, како што наведоа, „болката што ѝ ја предизвика на Бенкс”.

Треба да знаете
Последни објави