На аеродромот Гетвик во Лондон е уапсена Швеѓанка (40) под сомневање дека подготовувала терористички напад, соопшти денеска британската полиција.
Таа беше уапсена во четвртокот попладне кога со летот од Италија пристигна во Велика Британија, објави агенцијата АП.
Во моментов е во полициски притвор, а обвинувањето сè уште не е покренато.
Велика Британија го подигна предупредувањето за терористички напади на „сериозно” ниво, врз основа на разузнавачки информации.