Oд луксузен француски ресторан украдени шишиња вино во вредност од стотици илјади евра

Крадци насилно влегле во подрумот на луксузниот париски ресторан Maison Rostang во близина на Триумфалната порта и избегале со најмалку 150 шишиња скапоцено вино во вредност од стотици илјади евра, пишува „Гардијан“.

Персоналот на ресторанот пронајде дупка во ѕидот на винскиот подриум, со пречник од половина метар, која крадците ја направиле во понеделникот со цел да влезат и да ги украдат шишињата вино.

Еден полициски извор вели дека украденото вино може да чини помеѓу 400 и 600 илјади евра. Ресторанот има две ѕвезди и поседувал вина од познатите лозја Петрус и Романи-Конти.

Треба да знаете
Последни објави