Венецуела ослободи 22 затвореника

Венецуела ослободи 22 затвореника, меѓу кои и судијката Марија Афиуни и новинарот Браули Хатар, изјави денеска високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле.

Според неа, меѓу ослободените лица се и 20 студенти, пренесува „Ројтерс“.

Веста беше објавена откако Советот за човекови права на ОН одржа дебата во Женева за извештајот на Мишел Башеле за посетата на Венецуела во јуни.

Ослободувањето на 62 затвореници во јуни и други 22, меѓу кои и новинарите Браули Хатар и судијката Марија Лудрес Афиуни, кои беа ослободени вчера, и прифаќањето на двајца офицери за човекови права во земјата, значи почеток на позитивен ангажман за многу прашања за човекови права во земјата, рече Башеле.

Треба да знаете
Последни објави