Стручните лица од енергетската компанија Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО) монтираа нова високонапонска опрема и го ставија под напон далекуводното поле што ја поврзува струмичката трафостаница кај село Сушица со трафостаницата Петрич во Бугарија, соопшти денеска МЕПСО.
– Мобилните екипи на МЕПСО, како што информираат, за три недели успеаја да монтираат нов прекинувач, два резделувачи и шест мерни (струјни и напонски) трансформатори. Сега 110 киловолтното далекуводно поле што ја поврзува трафостаницата „Сушица” со трафостаницата „Петрич” е функционално и е ставено под напон.
На 13. минатиот месец се случи голем дефект во трафостаницата „Сушица” при што се запали дел од опремата заради што мораше да интервенира и локалната противпожарна служба. Тогаш без напојување со електрична енергија 20 часа останаа неколку населени места во струмичкиот регион.