Мистериозна болест владее меѓу швајцарските војници, 40 во болница, четворица критично

Повеќе од 40 војници и регрути од воената академија во централна Швајцарија завршија во болница, одеднаш се разболеа. Четворуица се во критична состојба.

Швајцарското Министерство за одбрана наведува дека 43 лица од Академијата „Јасбах де Линден“ во кантонот Берн вчера одеднаш добија дијареја и повраќање.

Портпаролот на армијата рече дека четири лица се во критична состојба.

Додека властите се обидуваат да ги идентификуваат причините за епидемијата, кантонот Берн ја стави академијата во карантин.

Военото училиште е специјализирано за обучување за одбрана од хакерски напади.

Треба да знаете
Последни објави