Путин постхумно ги одликува загинатите морнари

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно ги одликува 14-те морнари кои загинаа во пожар во истражувачка подморница, соопшти денеска Кремљ.

Според наредбата на рускиот претседател, на четири морнари им беше доделен медалот „Херој на Русија“, додека другите добија Орден за храброст, објави агенцијата ТАСС.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 14-те морнари починаа од последици од вдишување на отровни гасови од пожарот што избувна во понеделникот, додека подморницата за истражување на длабоки води вршела воен надзор во руските територијални води.

Треба да знаете
Последни објави