Руската Црноморска флота денес започна со вежби во Црното Море и покрај НАТО-вежбата „Морски ветар 2019″, која се спроведува во истиот регион, објави прес-службата на руската флота.
Во соопштението се наведува дека ќе се одржат сите планирани вежби, и дека во нив ќе учествуваат десет воени бродови, вклучувајќи ги и големите бродови амфибии Азов и Цезар Куников, малите ракетни бродови Орехово-Зуево и Мирац, објави ТАСС.
Овие бродови ќе продолжат да ги контролираат активностите на бродовите на НАТО во северозападниот дел на Црното Море и ќе продолжат со борбеното маневрирање на море.
Во последното ниво на вежбата, Црноморската флота ќе изврши ракетно и артилерскио пукање на море, се вели во соопштението.
НАТО одржува воени вежби на Црното Море, со околу 3.000 војници од 19 земји и треба да траат до 12 јули.