ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата во Охридскиот регион. Цели 11 години приоритетно се остваруваа бизнис и личните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради што Охридскиот регион беше злоупотребуван и уништуван. Јавноста и граѓаните многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го презентираше како инвеститор, на „парапетчето” и на сите други криминали.
Од една страна ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше Охридскиот регион поради криминали и провизии, од друга страна Владата предводена од СДСМ ги санира штетите. Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.
Ќе направиме се, препораките да се имплементираат, Охридското езеро да не биде загрозено.