Скопјанец фрлал амфетамини по улица додека го апселе

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против В.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 03.07.2019 година на бул.„Климент Охридски“ во Скопје полициски службеници запреле патничко возило кое го управувал С.Т.(28), а како сопатници биле Х.Ш.(20), В.Ц.(20) и Ј.Б.(17).  Во тој момент пријавениот В.Ц. ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Центар.

На 04.07.2019 година, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во простории каде престојувал В.Ц. на ул.„Орце Николов“. При претресот биле пронајдени таблети метилен-диоксиметамфетамин(МДМА) и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Треба да знаете
Последни објави