Тамара: Ненамерната грешка со химната прерасна во пекол, ги откажувам концертите во Охрид и Прилеп

Откако завчера на приемот во Aмериканската амбасада поп пеачката Tамара Tодевска направи грешка при изведувањето на државната мхимна, два дена таа е топ вест во медиумите и социјалните мрежи. Освен што ја критикуваат, некои радио станици решија повеќе да не ги пуштаат нејзините песни, а прилепчани бараат таа да го откаже настапот на пиво фест во Прилеп.

Пејачката денеска на Фејсбук соопшти дека поради „голготата низ која поминуваат таа и нејзиното семејство“ решила да ги откаже настапите, концертот на Антички театар на 27 јули и настапот на Пиво фест во Прилеп. Уште кога Авалон објавија пред неколку дена дека ќе и организиираат концерт, почнаа негодувањата на публиката дека не сакаат Тамара да пее на Антички во Охрид.

Треба да знаете
Последни објави