Холивудскиот продуцент од малезиско потекло, Риза Азиз вчера бил уапсен во својата земја поради обвиненија за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари и перење пари.
Азиз е познат како продуцент на филмовите „Волкот од Волстрит” (на Мартин Скорсезе и со Леонардо ди Каприо), „Глупав и поглупав 2″ и други.
Тој, инаку, е и посинок на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.
Се сомничи за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари на малезискиот владин инвестициски фонд додека Разак бил премиер.