Заев го покани Ѓоковиќ во Охрид

Премиерот Зоран Заев го покани српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Охрид откако тој од Вимблдон ги поздрави македонските фанови пеејќи ја песната „Македонско девојче“.

Ѓоковиќ по победата против Полјакот Хуберт Хуркач во третото коло на Вимблдон, во видео во живо на Инстаграм ги поздравуваше своите фанови од целиот свет, пуштајќи и пеејќи песни познати во нивните земји. За македонските фанови Ѓоковиќ ја пушти песната Македонско девојче, а додека пееше рече дека би сакал да го посети Охрид.

Премиерот Заев денеска на својот Фејсбук профил го покани Ѓоковиќ да биде гостин во нашата земја.

„Драг Новак твојата изведба на преубавата Македонско девојче нè воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани“, му пиша Заев на Ѓоковиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави