ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали со нашите проекти

Заев откако стана премиер единствено се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, реагира опозицијата преку соопштение по вчерашното свечено пуштање на новиот автопат Миладиновци-Штип.

„Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба. Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев. Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што бил реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложувало повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.

Капиталните инвестиции, оценува ВМРО-ДПМНЕ, се на најниско ниво во историјата на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави