Како што ние имаме разбирање за прашањето за бугарскиот нацонален идентит, јазикот или Гоце Делчев, така очекуваме и разбирање за прашањето за Косово и српскиот народ, изјави синоќа шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.
Тој го повика на разговор бугарскиот амбасадаор во Белград, а истото го направи и бугарската страна.
Дачиќ остро реагираше по изјавата на Борисов, коментирајќи дека бугарскиот премиер не треба да му држи лекции на Бореп, туку да го почитува ставот на ЕУ за Косово.
„Бојко, да ти кажам едно нешто, ставот на ЕУ не е дека Косово е независна држава. Ти, Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел“, изјави Дачиќ.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изрази незадоволство од изјавата на Дачиќ за Борисов, нагласувајќи дека Дачиќ се однесува како да е изгубен во преводот. Таа изрази надеж дека се работи за недоразбирање кое набрзо би требало да биде разрешено.



