Рестартирање на турнирот во мал фудбал „Сокол” и обнова на теренот

Општина Карпош ќе биде главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал, Оливер Соколов – Сокол, кој по неколкугодишна пауза, повторно се враќа на спортскиот календар во Карпош, најавуваат од Општината. Исто така, целосно ќе се реконструира и теренот, каде што се одржува овој спортски настан.

-Кога зборував за враќање на маалскиот живот во Карпош, мислев и на рестартирање на некои од позначајните и поавтентични спортски настани на територија на Општината. Еден од најзначајните и најбитни белези на Карпош е Меморијалниот турнир во мал фудбал, Оливер Соколов – Сокол. На мое огромно задоволство, а верувам и на граѓаните, оваа година, после неколкугодишна пауза ќе се оддржи седумнаесеттото издание на овој меморијален турнир, вели градоначалникот Стефан Богоев.

Од Општина Карпош најавуваат дека летово целосно и темелно ќе го реконструираат ова спортско игралиштe, кое ќе добие нови трибини, нови голови, мрежи, одбележување и се што е потребно, за да може да се организира успешно турнирот.

Деновиве беше потпишан и Меморандумот за соработка меѓу Општина Карпош и Здружението на граѓани за подготовка и организирање на турнирот, при што на почетокот на септември ќе започне овој спортски настан.

Треба да знаете
Последни објави