Министерот за Дијаспора, Едмонд Адеми ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на четвртиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија (ММК) за спроведување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во сферата на националните малцинства.
Состанокот ќе се оддржи утре во Загреб, Хрватска.
Како што најавија од кабинетот на министерот, состанокот ќе бидат разгледани повеќе прашања од интересот на националните малцинства на двете земји, почнувајќи од образованието, вработувањето, културата, медиумите и други прашања.



