Талибанските исламистички борци убиле најмалку осум припадници на авганистанските безбедносни сили и четворица цивили, а повредени се и над 50 цивили во експлозија на автомобил-бомба во централниот дел од Авганистан, пренесе „Ројтерс“.
Се наведува дека талибанците презеле одговорност за нападот кој бил изведен во близина на зградата на Националниот директорат за безбедност (НДС).
„Над десетина офицери на НДС се убиени или повредени“, соопшти портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.



