Дачиќ: Како што имаме ние разбирање за Гоце Делчев, така очекуваме и од Бугарија да има за Косово

Како што ние имаме разбирање за прашањето за бугарскиот нацонален идентит, јазикот или Гоце Делчев, така очекуваме и разбирање за прашањето за Косово и српскиот народ, изјави синоќа шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Тој го повика на разговор бугарскиот амбасадаор во Белград, а истото го направи и бугарската страна.

На ова претходеше изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се забави европската интеграција на Западен Балкан, откако Шпанецот, Жозеп Борел, е поставен за иден шеф на дипломатијата на ЕУ, рече дека комесарот ги штити интересите на Унијата, а не националните интереси.  Борисов додаде без оглед на тоа што Шпанија не го признала Косово, тој би требало да се усогласи со останатите кои го признале.

Дачиќ остро реагираше по изјавата на Борисов, коментирајќи дека бугарскиот премиер не треба да му држи лекции на Бореп, туку да го почитува ставот на ЕУ за Косово.

„Бојко, да ти кажам едно нешто, ставот на ЕУ не е дека Косово е независна држава. Ти, Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел“, изјави Дачиќ.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изрази незадоволство од изјавата на Дачиќ за Борисов, нагласувајќи дека Дачиќ се однесува како да е изгубен во преводот. Таа изрази надеж дека се работи за недоразбирање кое набрзо би требало да биде разрешено.

Треба да знаете
Последни објави