Министерството за одбрана на Словенија одби да издаде дозвола за концертот на Марко Перковиќ Томпсон.
По одлуката на судот во Марибор дека забраната на концертот на Марко Перковиќ Томпсон во тој град пред две години била незаконска, тој најави нов концерт, но Министерството за одбрана на Словенија одбило да издаде дозвола.
Концертот на Томпсон, хрватски пејач познат по усташки и антисрпски песни, беше забранет во 2017 година во Марибор од безбедносни причини, но пред неколку дена Управниот суд во тој град пресуди дека забраната е незаконска.
Организаторот на концертот, Милан Трол, најави нов концерт на аеродромот Мошкањци, но потребна е дозвола од Министерството за одбрана.
Словенија не е единствената земја која забранила концерт на Томпсон во последниве години, пишува Индекс.хр.
Пред тоа, таква одлука донесоа Швајцарија, Австрија и Холандија поради промоција на усташтво и неонацизам во неговите песни.



