Поради закани со насилство пропадна телемостот меѓу Киев и Москва

Украинската телевизија „Њузван“ го откажа телемостот Киев-Москва поради закани со физичко насилство кон вработените, соопшти телвизијата.

„Поради директни закани со физичко насилство кон телевизијата, новинарите и кон нивните семејства, „Њузван“ го откажува телемост ‘Треба да разговарамe’. Нашиот обид да организираме платформа за расправа за неполитичките прашања на обичните луѓе што никогаш не го доведувале во прашање територијалниот интегритет на Украина, без политичарите и омразените пропагандисти, доведе до тоа во последно време низа политички партии да покренат силен информациски напад против нашатателевизија“, објави телевизијата на својaта интернет-страница.

Во соопштението се наведува и дека по објавувањето на информацијата за телемостот, уследиле изјави за протести пред зградата на телевизијата, а имало и директни закани со физичко насилство кон новинари и нивните семејства.

Украискиот претседател Владимир Зеленски, во меѓувреме, изјави дека телемостот меѓу Украина и Русија е ефтин, но опасен предизборен „пи-ар“, насочен кон поделба на земјата на два табора.

„Најавениот телемост е само ефтин, но и опасен „пи-ар“ потеф пре изборите чија цел е повторно да не подели на два табора. Едан табор политичари ќе рече – „секако, ајде да разговараме, треба да ги заборавиме навредите, ние сме братски народи. Во вториот табор политичарите ќе повикаат на огорченост и, под алиби на патриотизмот, ќе заработат поени на изборите,“ се вели во обраќањето на Зеленски на неговата страница на Фејсбук.

Претходно, прес-службата ВГТРК соопшти дека на 12 јули ќе се одржи телемост меѓу студијата на телевизиите „Русија 1“ во Москва и „Њузван“ во Киев под наслов „Треба да разговараме“.

Треба да знаете
Последни објави