Уапсени двајца осуденици

Полицијата вчера уапсила двајца осуденици кои се барале за издржување на затворска казна.

Вчера во 22.30 часот на улицaта Видое Смилевски Бато во Тетово, врз основа на судска наредба, бил уапсен Е.А.(28) од Тетово за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено-поправната устаница – Затвор Идризово Скопје за издржување на затворската казна.

Истиот ден околу 16 часот во селото Неготино, бил уапсен Ф.С.(47) од истото село за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во затворот во Тетово за издржување на затворската казна.

Треба да знаете
Последни објави