Венецуелската опозиција ќе се сретне со венецуелските власти на Барбадос

Венецуелската опозиција ќе учествува на состанокот со претставниците на венецуелските власти со посредство на Норвешка на Барбадос, објави во неделата опозицискиот лидер Хуан Гваидо, пренесува ТАСС.

„Им се обраќаме на граѓаните и на глобалната заедница за да кажеме дека ќе присуствуваме на состанокот на Барбадос со претставници на узурпативниот режим во Венецуела за да воспоставиме дијалог за запирање на диктатурата”, објави прес-службата.

Опозицијата истакна дека ќе продолжи да бара оставка од претседателот Николас Мадуро и организирање нови избори.

„Нашиот клучен мотив е да се стави крај на страдањата на Венецуелците и за тоа продолжуваме со работа”, продолжија противниците на Мадуро.

„Асошиетед прес“ претходно објави, цитирајќи три извори, дека преговорите меѓу властите на Венецуела и опозицијата би можеле да се обноват, веројатно на Барбадос. Сепак, на 2 јули Гваидо рече дека неговите поддржувачи нема да учествуваат во преговорите со претставниците на администрацијата на Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави