Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија, се обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања.
Гоце Делчев е македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија.
Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.
Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е бугарин кој се борел за автономна Македонија и Македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот.
Во 19-от век и првата половина од 20-от век можел ли некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е бугарин, како и сега, може ли македонец да добие бугарски пасош ако не попише изјава за дека има бугарски корени.