Иран ѝ даде на Европа рок до септември за спас на нуклеарниот договор

Иранските власти денеска повторија дека последната шанса за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година истекува за 60 дена.

Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Мусави, Техеран веќе нема да нуди крајни рокови за спас на договорот, објави агенцијата АП.

Како што рекол министерот, Иран сé уште е отворен за преговори со европските партнери и изразил надеж дека ќе бидат преземени дополнителни чекори кон спроведување на претходно договорените одредби.

Иранските официјални претставници веќе најавија дека ќе преземат понатамошни чекори за намалување на почитувањето на договорот по истекот на рокот.

Иран изјави дека е блиску до тоа да ги надмине дозволените граници на производството на ураниум.

Според агенцијата АП, Иран ги притиска европските партнери да најдат начин да ги заобиколат американските санкции и да ја реализираат ветената економска помош.

Треба да знаете
Последни објави