Мирот, стабилноста и благосостојбата на Балканот е многу важна за Турција, вели Ердоган

Мирот, стабилноста и благосостојбата на Балканот се исклучително важни за Турција, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган пред неговата посета на Босна и Херцеговина.

„Мирот, стабилноста и благосостојбата на Балканот се многу важни за нас. Нашата земја го нема луксузот да извршува мониторниг врз овој предел“, изјави Ердоган.

Ердоган доаѓа во дводневна посета на Самитот за соработка меѓу Југоисточните земји (СЕЕЦП) во главниот град на Босна, Сараево.

„Во рамките на важноста на мирот, стабилноста и благосостојбата на Балканот, Турција ефективно соработува и придонесува кон СЕЕЦП, единствената регионална платформа за соработка која ги соедува сите земји од Балканскиот полуостров уште од самото нејзино формирање“, се вели во соопштението.

Ердоган вели дека Турција не само што придонесува кон стабилноста во регионот преку билатерални соработки, туку и преку разни други платформи за соработка.

„Во склоп на самитот во Сараево, се надеваме дека ќе дискутираме во врска со активностите за соработка на Балканот, особено во секторите за економија, трговија, транспорт и инвестиции за инфраструктура“, додава тој.

За време на својата посета, Ердоган ќе одржи билатерални средби со членови од Претседателскиот совен на БиХ и останатите лидери кои ќе зема учество во самитот.

Во вторник, Ердоган ќе присуствува на комеморација по повод 24-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Треба да знаете
Последни објави