Под урнатините на Помпеја демнат неексплодирани бомби од Втората светска војна

Најмалку 10 неексплодирани бомби фрлени од сојузничките сили врз Помпеја во 1943 година, за време на Втората светска војна, остануваат во историската област, тврди италијанскиот весник „Ил фато квотидиано“.

Весникот ги проучувал документите од Националната архива на фотографии од воздух, вклучувајќи една карта за бомбардирање, и интервјуирала археолози и историчари за да дознае дали еден од најпопуларните археолошки локалитети во светот е еден вид минско поле, бидејќи се уште не е познато каде се наоѓаат некои бомби.

Според новинарите, сојузничките воздушни сили фрлиле 165 бомби врз античкиот град на 24 август 1943 година, на истиот ден кога Везув избувнал во 79 година п.н.е.

Со текот на годините, во областа беа лоцирани 96 бомби, а многу биле деактивирани или експлодирале самите од себе. Но, некои треба допрва да се откријат во неистражена област што опфаќа 22 хектари, бидејќи нема информации за нив во официјалните документи.

Весникот го цитира професорот од универзитетот „Суор Орсола Бенинкаса“ во Неапол, Антонио де Симоне, кој открил една од бомбите додека ископувал во античкиот римски град во 1986 година. Сепак, како што истакна Археолошкиот музеј Помпеја, посетителите се безбедни во областа и не постои ризик за нив бидејќи тиесмеат да се движат само во расчистените делови.

„На локалитетот редовно се спроведува проектот за расчистување од страна на војската, а чистењето на теренот се изведува на секој метар,“ вели музејот.

Во меѓувреме, вулканот Везув може да претставува уште поголема опасност бидејќи се вели дека е се уште активен и е под 24-часовен надзор поради постојаната опасност од ерупција.

Треба да знаете
Последни објави