Разбојник застрелан при грабеж во банка во Загреб

Разбојник бил застрелан од полицаец во цивилка додека се обидувал да ограби банка во Загреб, јавуваат медиумите. При тоа бил повреден и работник од обезбедувањето.

Според очевидци, двајца арамии дошле со велосипеди и вооружени со пиштоли се обиделе да ја ограбат филијачата на ПБЗ банка. При тоа со пиштол бил удрен вработен од обезбедувањето. За нивна несреќа, во банката имало полицаец во цивилка, кој извадил пишол и пукал во еден од рамиите, а другиот избегал.

Во моментов по бегалецот трагаат кучиња трагачи и специјалци.

Не е потврдено официјално дали е ограбн банката, ниту каква е здравстената состојба на ранетиот разбојник.

Треба да знаете
Последни објави