Сончево со услови за дожд попладне и температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималнте температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 28 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степена.

И во вторник се уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови. Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.

Треба да знаете
Последни објави